Вашето здравје и безбедност треба да бидат на врвот на листата кога планирате патување. Ние сакаме Вие да патувате мирно и безгрижно и затоа Ви нудиме спектар на услуги со што Ви гарантираме безгрижно патување и покривање на најчестите ризици што демнат на патот.
Патничкото осигурување е осигурување на лица за време на патување и престој во странство кое содржи неопходна здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување на багаж и надомест за изгубени патни документи.

ВИДОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ:

  • индивидуално,
  • семејно,
  • елементарна непогода,
  • групно.

ВИДОВИ НА ПОЛИСИ:

  • полиса која покрива едно патување,
  • полиса која покрива повеќе патувања.