Незгодата не може ниту да се предвиди ниту да се спречи, меѓутоа може да се ублажат економските последици од неа преку склучување на осигурување од незгода. Осигурувањето на работниците од последици на несреќен случај – незгода е осигурување со кое се покриени работниците на работното место и во останатите активности со кои се занимаваат во местото на живеење и при патување во текот на 24 часа, временски и просторно неограничено. Под несреќен случај се подразбира секој неочекуван иден настан, независен од волјата на осигуреникот, предизвикан однадвор и нагло на телото на осигуреникот, а последиците се смрт, целосен или делумен инвалидитет, привремена или трајна неспособност за работа и нарушување на здравјето кое бара лекарска помош.

РИЗИЦИ КОИ МОЖАТ ДА СЕ ОСИГУРААТ:

  • смрт од последици на несреќен случај,
  • смрт од болест,
  • траен губиток на општата работна способност (траен инвалидитет),
  • привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај –дневен надомест,
  • трошоци за лекување.

ВИДОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ:

  • Колективно осигурување
  • Индивидуално осигурување